Дојавите за бомби во „Ист гејт“, „Мериот“ и салата „Борис Трајковски“ – лажни

15

Полицијата утврди дека се лажни дојавите за поставени бомби и во молот „Ист Гејт“, хотелите „Мериот“ и „Сенигалија“, салата „Борис Трајковски“ и во дел од училиштата, соопштија од МВР.

Полицијата претходно заврши со проверките на Скопскиот аеродром и дел од училиштата и исто така утврди дека станува збор за лажни пријави.

Утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и до Фудбалската федерација на Македонија, хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“, трговскиот центар „Ист Гејт“, спортска сала „Борис Трајковски“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше упатена закана за поставена експлозивна направа.