До утре треба да се дадат последните платежни картички

14

До утре треба да се издадат последните платежни картички како дел од третиот сет на економски мерки за надминување на последиците од корона кризата според зададениот рок. Граѓаните ќе можат да ги искористат најдоцна до 15 август. До 8 јули издадени се и предадени над 187 илјади домашни платежни картички од проектот „Купувам домашно“,

На списоците се најдоа над 324 илјади граѓани, во четири категории како добитници на платежната картичка.. Во првата група околу 114.000 илјади граѓани домашна платежна картичка во вредност од 9.000 денари добија лица со низок доход, приматели на социјална помош и активни баратели на работа, кои во минатата година немале поголеми приходи од 180 илјади денари, или годинава од јануари до април не повеќе од 60 илјади денари. Во втората група се околу 117 илјади лица кои добиваат по 3.000 денари за граѓани кои се во работен однос, но чии примања во првите четири месеци не надминуваат 60 илјади денари.

Во третата група влегуваат младите од 16 до 29 години кои се дел од државното образование и кои добија финансиска поддршка по 3.000 денари, а во четвртата група се здравствените работници со поддршка од 40 отсто од последната нето-плата.

Нина Ангеловска, министерката за финансии, веќе објави дека се прифатени дури 5.000 приговори за домашната платежна картичка испратени од средношколци и студенти, односно млади лица од 16 до 29 години. Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори.

Актуелната власт во предизборната кампања најави четврт сет на економски мерки за справување со последиците од корона-кризата со доделување платежни картички и за пензионерите кои имаат приходи до 15.000 денари, како и стечакните работници. невработените кои не се активни баратели на работа, како и секој самохран родител.