До утре, 22 март, до 18.00 часот да се пријават сите на кои им е потребна помош да се вратат во земјава

55

МНР упатува апел до заглавените граѓани надвор од змејава да с епријават до утре во 18.00 часот дали им е потребна помош за враќање во земјава. Шефот на дипломатиијата, Никола Димитров, рече дека бројката со која засега располага МНР варира и според последните информации 2.300 македонски граѓани се заглавени низ целиот свет. Најмногу на нашиот континент, во европските држави.

Владата донесе одлука со хумантирани летови да ги враќа граѓаните дома. Формирано е и тело кое ќе организира државен карантин и негово спроведување. Владата, рече Димитров, одлучи сите граѓани кои ќе дојдат во поголеми групи со хуманитарните летови да бидат во задолжителен карантин во траење од најмалку 15 дена, за да се заштитата граѓаните кои се веќе во државата.

Тој апелираше пријавувањето овие граѓани на кои им треба помош да се врата во земјата да го направат до утре, недла – 22 март, до 18.00 часот поладне, за институциите да имаат прецизна бројак.

Телефоните за пријавување за извлекување од трети држави се:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

+389 75 446 647 (редовна линија)

+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

Електронска пошта: [email protected]

Инаку Димитров информираше дека вчера со Црна Гора бил организиран хуманитарен лет со кој од таму, но и од Истанбул требало да бидат вратени наши граѓани во земјава. Но откако на патниците од Истанбул им било кажано дека ќе мора да одат во задолжителе карантин, тие не сакале да се качат на летот кој требало да ги врати во Македонија.