До 13 часот гласале 23,81 отсто од избирачите

6

Државната изборна комисија на својата трета прес-конференција наменета за предвремените парламентарни избори, информираше дека до 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори изнесува 23,81 отсто.

Во бројки, гласале вкупно 432.026 граѓани до 13 часот на 3368 гласачки места.

Портпаролот на ДИК Адмир Шабани рече дека во ИЕ 1 одѕивот бил 27, 09 отсто, во Втората изборна единица 21,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот бил 28,92 отсто, во изборната единица четири одѕивот на гласачите бил 27,45 отсто, во Петтата изборна единица одѕивот бил 23,11, и во Шестата изборна единица 15, 58 отсто.

Излезеноста во Општина Аеродром од ИЕ 1 е 30, 15 отсто, а во Општина Карпош излезеноста е 31, 25 отсто.

Шабани истакна дека до ДИК до овој момент нема пристигнато никаков приговор или најава за нерегуларности.