До 15 часот гласале 34,22 отсто од гласачите, од скопските општини најголема излезност има во Карпош 38 отсто

2

До 15 часот гласале 34,22 отсто од гласачите со право на глас во вториот круг. За споредба во првиот круг пред две недели излезноста до 15 часот беше 31, 47 отсто.

Општини со најголема излезност и натаму се Вевчани 66,54 отсто, Ранковце 60,15, Демир Капија 58,18, Конче 58,1, Демир Хисар 55,3, Пехчево 52,93, Дебар 51,48, Лозово 51,1, Македонски Брод 50,97, Чашка 50,94, Пробишти 49,84 останатите се под 48 отсто. Најмала излезност е во Сарај 16,38 отсто.

Од скопските општини најголема излезност има во Карпош 38,94, потоа Центар 37,81, Кисела Вода 35,11, Аеродром 35, Ѓорче Петров 33,51, Гази Баба 30,55, Бутел 29,79 отсто. Во Чаир излезноста е 30,03 отсто, а во Шуто Оризари 21,55.

„До сега има 311 приговори, 268 се прифатени, 24 одбиени, а 18 лица ги има во Избирачкиот список. Немаме пријави за неправилности, ниту проблеми за гласање со отпечаток на прст. Сметам дека гласањето во целата држава се одвива мирно и со користење на уредите со отпечаток од прст“, рече претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.