Драма во Белград: Ова е обвинетиот кој за време на судењето си го исекол вратот (ФОТО)

20

За време на судењето во Специјалниот суд во Белград, обвинетиот Зоран Јеличиќ си го исекол вратот пред сите во судницата.

Јеличиќ се пријавил за збор, излегол на судската говорница и со зборовите: „Сега ќе се убијам пред сите“ од џебот извадил остар предмет и си го пресекол вратот, а успеал да пресече и вена.

Стражата брзо реагирала и со тоа го спасила Јеличиќ од потешки повреди, кој како што дознава Курир.рс има површински рани, кои не се опасни по живот.

Драмата во судницата настанала така што Јеличиќ побарал изземање од Судскиот совет и навел дека има 7 причини за тоа. Тој успеал да наведе четири, но судијата го вратила во боксот за обвинети. Меѓутоа тој повторно се јавил за збор и кога судијата Светлана Алексиќ дозволила тој повторно да излезе на говорницата, тој кажал бидејќи не му е дозволено да рече тоа што сака, ќе се убие.

Прочитајте и… Јапонскиот премиер Шинѕо Абе има најдолг премиерски стаж во Јапонија
Настанал хаос во судницата, веднаш скокнала стражата, но и лекарите на Брзата помош кои дежураат во зградата.