Драмски со „Странци“ на фестивалот РУТА

6

Со претставата „Странци“ Драмскиот театар во Скопје, на 5 март, ќе се претстави на Меѓународниот фестивал – РУТА (Регионална унија на театри) што се одржува од 2 до 7 март во Подгорица. Фестивалот го отвори претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ во режија на Ленка Удовички, проект на театрите Усилис од Загреб и Белградското драмско позориште, а дел од програмата на фестивалот се и претставите „Пластелин  на БДП во режија на Марко Торлаковиќ.

„Се сеќаваш ли на Доли Бел“ на сараевскиот Камерен театар 55 во режија на Кокан Младеновиќ, додека МГЛ од Љубљана носи претстава режирана од Нејц Газвода “Plah udah”. РУТА ќе го затвори авторскиот проект на Вида Огњеновиќ “Kozocid” во продукција на Градскиот театар Подгорица. Фестивалот има за цел поврзување на овие шест репрезентативни куќи од поранешните југословенски држави во естетска, репертоарска, но и организациона смисла.

Претставата „Странци“, со која ќе настапи Драмски театар е во режија на Нела Витошевиќ, а учествуваат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.