Дрита Ислами урна рекорд стар 40 години! (ФОТО)

27

Стариот рекорд од 1980 година беше во сопственост на нашата атлетска ѕвезда Елизавета Божиновска, кој претходно изнесуваше 56.49 секунди.

Нов македонски рекорд на атлетските патеки, во дисциплината 400 метри Дрита Ислами оствари резултат од 56.35 секунди.

Во својот настап на Националното првенство за сениори во сала кое се одржува викендов во Софија (Бугарија) успеа да го урне рекордот стар дури 40 години, а воедно ова е вкупно нејзин шести национален рекорд.

Стариот рекорд од 1980 година беше во сопственост на нашата атлетска ѕвезда Елизавета Божиновска, кој претходно изнесуваше 56.49 секунди.

– Навистина го сакав овој рекорд и работев максимално, имав три трки во три недели стартувајќи со 56.74, подобро се подобрив на 56.62 и третата трка беше за која се борев.

Благодарност до Атлетската федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт, моето семејство и секако мојот тренер Александра Војнеска Зикова верувајќи во мене – вели Ислами.

Иако ова не е нејзината главна дисциплина, најавува одлична претстојна сезона за неа. Од Атлетската федерација очекуваат исполнување на норма за учество на Европското првенство во нејзината специјалност 400 метри со пречки.