Др.Петличковски: Oмикрон веројатно е тука некаде, потребна е лична заштита и вакцинација

3

Евентуални мерки на границите нема да придонесат многу оти омикрон веројатно е тука некаде, нема шанси да не одмине. Индивидуалните мерки и вакцините остануваат единствените мерки кои функционираат, вели д-р Петличковски од Институт за имунобиологија и хумана генетика за Утрински брифинг.

Во омикрон сојот ги има сите промени од претходните сојови.

-Во биологијата на вирусот е да се менува за да опстои што подолго. Различно кај омикрон е што бројот на мутации е најголем, има над 40 мутации на спајк протеинот. Се стравува дека имунитетот стекнат од вакцини или прележување вирусот може да го избегне, т.е. рашање е дали вакцините ќе бидат ефикасни. Но, доказите научни не се страшни. Секако дека имаме некаков имунитет, помага третата доза, а ќе има од јануари и поспецифични вакцини за овој сој, вели д-р Петличковски.
Тој додава дека сѐ е познато за коронавирусот и во новите вакцини нема да се промени многу освен оној момент на разлика.