ДСПДП: Вклучување на деца во политичка кампања е недозволиво

7

Државниот совет за превенција на детското претстапништво соопшти денеска дека вклучувањето на лицата под 18 години во било какви активности поврзани со изборната кампања е недозволиво и не е во најдобар интерес овие млади лица, согласно конвенцијата за правата на децата.

Истовремено, државниот совет потсетува дека членот 183 од изборниот законик предвидува глоба од 8000 евра за радиодифузерот и 30% од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца.