Дубаи го затвора најфрекфентниот аеродром во светот

16

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека ги затвораат аеродромите и дека се откажуваат сите летови за две недели заради коронавирусот.

Аеродромот во Дубаи е најфреквентен во светот и ги поврзува Европа и Западот со Азија и Австралија.

На Блискиот Исток се пријавени околу 26.800 случаи на коронавирус, од кои повеќе од 21.000 во Иран, а многу други се поврзани во врска со престој во оваа земја.

Најавено е дека забраната за летање во ОАЕ ќе стапи на сила во рок од 48 часа.

Товарните авиони и летовите за итна евакуација се ослободени од забраната.

Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека луѓето може да ги напуштат своите домови само во автомобили, само за итна работа и со најмногу три лица од исто семејство во возилото.

Трговските центри и рестораните ќе бидат затворени во наредните две недели, пренесува АП.

Саудиска Арабија и седум други земји на Блискиот исток веќе ги забранија сите патнички летови поради вирусот, додека во Ирак, Кувајт и неколку други земји е воведен полициски час.