ДУИ е за опозицијата “Реал Мадрид”

526

Можеби грешам, ама ако зад оваа цела работа не стојат американците, тогаш албанските опозициони партии допрва ќе добијат голем удар. Тоа ќе се случи на првите следни избори, на кои ДУИ повторно  ќе биде креатор на власта, па и да победи ВМРО повторно Али ќе преговара со Мицко, а не Села, Гаши, Биљаљ и Фиљан – Фисник. Сепак, на албанската политичка сцена ДУИ е за опозицијата “Реал Мадрид”! Што би рекол рахметли Амди Бајрам “Кока Кола”!

Од Агим ЈОНУЗ

Во држава која многу угледни луѓе од светот ја споредуваат со Родезија, се случува голем резил.  Резилот станува кај нас толку нормален, што ако почне да го нема, нешто ќе ни фали. Нашето секојдневие е резил. Животот ни стана резил. Дури ни тоа не е толку страшно, зошто секој резил го покрива времето. Ама, ние се натпреваруваме кој ке направи поголем. Нас ни Вардар, ни време не може да не испере и покрие. Ние сме – дно!

Мене македонците не ме интересираат како политичка страна. Мене ме интересира функционирањето на државатаво која живеам, која многу трпи поради тоа што македонците си вадат очи сами на себе, албанците сами на себе, а едните против другите, така да кога ќе видиш, никој не се бави со државата туку со вадењето очи. Стана национален спорт. Мене ме интересира ” мојата страна” албанската. За мене многу луѓе викаат ” а бе остај го него тој е каур”. Не знае албански а се прави патриота. Да, факт е дека јас не зборувам најдобро албански. Пораснат сум со друг јазик. Оваа колумна е преведена. Тоа обично го зборат оние кои се секојдневни албанци по професија, во својата мизерија и интелектуална празнина, не знаат поинаку како да елиминираат некого. За да може во својот радиус на политичка ќоравост да лечат комплекси со мирис на полуписменост. И кога веќе нема да знаат како да ти зададат удар,.. тогаш доаѓа она класично ” остај го тој е шпион” . Шпион си во генот бе “оо љопар”!.

Албанската политичка сцена во Македонија лежи врз крвта на борците кои веруваа во албанско национално единство и посветла иднина. Во тоа дека албанците треба да бидат апсолутно еднаков државотворен народ и елемент на градење заедничка држава. Најголем дел од политичките сурати беа заедно во иста униформа со исти идеали. За иста кауза. Се додека не дојде моментот во кој требаше да се одлучи кој ке го собере кајмакот од сето тоа. Да! Знам дека звучи брутално, ама тоа е факт. Како поинаку да се интерпретира поделбата на мала бројка од популацијата на повеќе партии. Се додека една бројка не примети дека тоа е одличен бизнис. Национализам, популизам, национал – романтизам и ” невидлив непријател по потреба на политичките цели”! Дуќанот работи – “фул”! А, каузата не бега никаде! Ако затреба сеуште има гласачко тело кое мисли дека наместо леб, може да го вечера бајракот.

Ајде да ја анализираме актуелната ситуација на политичката сцена, со диоптер фокусиран на албанската страна. Македонците во оваа колумна не се тема, и нивниот резил е нивни! Ајде да видиме каде е и колкав е нашиот резил. Албанскиот. Резил во кој една голема бројка на зорлем станати интелектуалци смета дека е ” Хазрети Хасан” додека првата и последна точка на интерес им е храна за сопственото политичко  “Его”!

Јас не сум му адвокат на Али Ахмети, тој не ми е ни брат ни роднина освен пријател. Арно ама, не знам што е тоа што ме тера да ја прашам јавно актуелната политичка сцена ” па нели до вчера се колневте во Али Ахмети”? Од прв до последен. Што се вика, до вчера му држевте слика на телефон. Дали лажам ако речам дека најголем дел од овие сурати кои скокаат против него денеска ги создаде баш Али Ахмети? Чиви, а башка кои национални интереси бранат албанските опозиционери ако се земе во предвид дека за сите овие години не помрднаа ниту  еден камен напред барем 5 сантима!? А, тој истиот Али ве донесе до тука! А, вие од тука, наместо да грабате напред, “прдите во ветер”!

Нејсе! Апсолутно ке се согласам со опозицијата кога се буни против корупција, криминал, непотизам и ганстерлук. Ама, за се има свој начин на решавање на проблемите. Во составот на опозицијата не се сите “Хазрети” ( светци). Ако направиме реална анализа, нема да знаеш кој кого треба да критикува. Самата албанска политичка сцена нема искристализирано кој е вистинскиот правец на функционирање. Не постои идеална политичка партија, ниту состав на партија. Човечкиот менталитет и карактерите се секаде исти. Арно ама! Јас сакам во колумнава да поставам едно многу специфично прашање.

Ако земеме во предвид дека не може да се натераат албанците да имаат само две политички партии, а тоа е една секогаш опозициска кон другата, тогаш кои се и каде се албанските национални интереси? Дали некој си игра мајтап со каузата која подразбира дека албанците во Македонија се единствени, кохерентни конституционални елементи. Не! Тоа само значи дека дојдовме во фаза во која “оди Курто – дојди Мурто” задава сериозен удар на “Бесата” што ја дале оние кои пролеваа крв по Шар планина! Резил! Од друга страна, повеќе албански политички партии не можат да бидат големи партии. Тоа подразбира дека мораат да коалицираат со некој друг за да имаат сила. А тогаш, да ми извините на зборот, на албански се вика дека сите го отвараат газот “Че кааач”!Каква кауза бе, какво албанско единство, каква боранија.

Политичката проституција во Македонија фрла во сенка се она што го има навечер во песните со ќетелија. Не можам да разберам ликови кои седат со Апасиев на маса, кој најблаго речено ги сака албанците како што Хитлер компаративно ги сакал евреите. Да! Можам да седнам на маса, ама со него да соработувам, значи треба да имам или сериозен проблем со мозакот, или да заборавам дека дома на зид имам таписерија од “Шкипоња”, па си барам некоја уметничка слика за да ставам.

Каде е албанската политичка ” Беса и Бурнија”!? А, можеби јас сум наивен! Ок!

Јас не припаѓам на ниту една политичка партија и се обидувам да бидам реален. Не кријам, мојот политички диоптер е Филозофијата на германецот Јирген Хабермас кој ја декларира теоријата на ” Конституционален патриотизам”! А тоа е идејата која вели дека луѓето треба да формираат политичка приврзаност кон нормите и вредностите на плуралистичкиот либерално-демократскиот устав/закон наместо национална култура.Ако ова некого збунува, нај просто речено е ” гради здрава држава базирана врз почитување на уставот и законите”! Идејата се смета за сличен концепт ко национализмот, но базиран во вредностите на уставот, а не во национална или етничка култура. Ако е тоа атака, еве јас ке го поставам следново прашање.

Ако сите вие албанско- опозициски партии веќе одлучифте да го симнете ДУИ од власт, зошто не одите чекор напред и не направите една симбиоза со македонската опозиција. Ем ќе бидете современи, ем рамковниот договор ( кој баш тој Али ви го донесе) ви гарантира дека не треба да се викате “Крсто”, него слободно останете ” Мустафа”, па можеби баш вие ќе ја внесете Македонија во Европа!

Ве молам извините ми на зборовите, ама ги кажувам во револт. ” Јебо вас Апасиев”! Носите си го дома, да ви помогне да ставате туршија за зимоска.

Можеби грешам, ама ако зад оваа цела работа не стојат американците, тогаш албанските опозициони партии допрва ќе добијат голем удар. Тоа ќе се случи на првите следни избори, на кои ДУИ повторно  ќе биде креатор на власта, па и да победи ВМРО повторно Али ќе преговара со Мицко, а не Села, Гаши, Биљаљ и Фиљан – Фисник. Сепак, на албанската политичка сцена ДУИ е за опозицијата “Реал Мадрид”! Што би рекол рахметли Амди Бајрам “Кока Кола”!

Народот вика, кога те напушта паметот, не си оди  со зурли и тапани. Сонцето и понатаму ќе сјае на политичката сцена, да почекаме малку. А во меѓувреме, народот употребува една изрека која вели. “Судбина е тоа, тепаниот – тепан,… ебаниот – ебан”! Животот  тече понатаму.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)