ДУИ на Конгрес избира лидер

2

Демократската унија за интеграција денеска по четврти пат на конгрес избира лидер на партијата.

На конгресот ќе се избере и ново тело Конгрес на постојаноста составен од 1/3 од делегатите кои што ќе бидат постојани делегати,а ќе се бираат и Изборна комисија и Национален совет каде што ќе учествуваат и еминентни личности од јавниот живот од земјата и странство.

На дневен ред се измени на Статутот на партијата во чии рамки треба да влезат сите нови органи, вклучително и Секретар за Еднакви можности.

На конресот ќе бидат донесени 5 Резолуции како програмски приоритети: консенсуална интеграција, ветинг ,квалитетен живот, развој и работни места, и младите на прво место.

Ќе се донесе и Декларација за вредностите.

Конгресот ќе се оддржи во Спортско – рекреативниот центар „Кале” во Скопје.

Претходно, ДУИ избра целосно нов состав на младината и женскиот форум, скоро 100% нови претседатели на ограноци и над 90% нови претседатели на подограноците.