ДУИ: Немаме договор за влада ни со ВМРО ни со СДСМ, не стоиме зад објавите во медиумите

38

Откако прво велеше дека нема коментар за написите дека ДУИ е на чекор до коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи за ТВ 21 ги демантира ваквите информации, уверувајќи дека ДУИ не е изворот од каде тие потекнуваат.

-Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, но нема никаков договор и со СДСМ – изјави тој.

Претходно, од СДСМ истакнаа дека имаат обезбедено мнозинство за нова влада, па, со оглед на ваквата изјава од Османи, се поставува прашањето дали социјалдемократите обезбедиле мнозинство со другите албански партии?