ДУИ побара од Таравари да им се извини на Тирана и на Приштина

13

Лагата на Арбен Тарави и неговата партија Алијанса на Албанците навистина имаше кратки нозе и многу брзо се откри нивнто незнаење и несериозност, соопштија од ДУИ.

Оттаму велат дека Таравари и поранешните сопартијци на Мендух Тачи кои создале фракција од ДПА, треба да побараат извинување од граѓаните, но и од Косово и од Албанија за лажната вест дека Тирана и Приштина поддржуваат трипартиска албанска коалиција во Македонија.

„Оваа фракционерска партија во континуитет шири лажни вести, измами, пропаганда и ветувања дека ќе ги урнат сите постигнувања на Албанците во ова земја. На оваа фракција која се роди како резултат на раздор од матичната партија ДПА, единствената цел ѝ е да се урнат достигнувањата на Албанците како јазикот, знамето, повеќе од 25.000 административци, НАТО, универзитетите, училиштата, градинките, болниците, инфраструктурата и сите други постигнувања. Оваа нивна голема и разоткриена лага влијае лошо кај граѓаните и го поттикнува раздорот помеѓу нив, но истовремено е направена за да и послужи и на нивниот идеолошки партнер, слично како со таканаречената Тиранска платформа“, наведено е во соопштението на ДУИ.