ДУИ поддржува одложување на изборите

4

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека поддржуваат одложување на изборите закажани на 12 април поради пандемијата на коронавирус.

„Изборите и кампањите се последни на нашата агенда на приоритети, затоа што ги ставивме сите наши човечки, интелектуални, институционални капацитети во служба на победа во заедничката битка против вирусот. Сега, потребна ни е победа над вирусот, а не изборната победа. Ќе се справиме со изборите и кампањата откако ќе ја надминеме оваа закана за сите нас“, се вели во соопштението на ДУИ.