Дуковски за Уб: Доколку не се донесе законот, канабисот ќе го истуриме или пред Влада или пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

32

Одбивањето на предлог законот за дроги од страна на ВМРО-ДПМНЕ е штетно за економијата, смета Дуковски.

Со законот се регулира и конопот, се регулираат многу други дејствија кои му даваат на министерот овластување да ги донесе и другите подзаконски акти кои се есенцијално битни за да се види бенефитот од оваа индустрија. Штетно е ако не се донесе овој закон, вели Костадин Дуковски од Макканабис за Утрински Брифинг.

– Одбивањето на предлог законот за дроги од страна на ВМРО-ДПМНЕ е штетно за економијата – смета Дуковски.

– На прашањето какви ќе бидат следните чекори Дуковски за Утрински брифинг рече дека иако првично било на шега кажано дека ќе го истурат канабисот пред влада, сепак можно е тоа да се случи – или пред влада или пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, додава Дуковски за Утрински Брифинг.