Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казна, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Денешната пресуда беше очекувана од почетокот на овој судски процес. Знаевме дека ќе биде вака брутална казна и оваа пресуда најмалку се заснова на докази, изјави по објавувањто на пресудата за „Рекет“ бранителот на неправосилно осудениот Бојан Јовановски, адвокатот Сашко Дуковски.

17

Тој посочи дека немало изготвено вештачење, а судот во образложението на вина се повикувал на некои докази.

– Мене навистина не ми е јасно на какви докази, но тоа е тоа. Овдека не завршува нашата борба и мислам дека е не фер, кога на крај беше спомнато дека во судот во Стразбур била одбиена времената мерка, требаше да дополни судијата дека навистина е одбиена, но прифатена е апликацијата, изјави Дуковски.

Во однос на тоа дали обвинителството докажало каде завршиле парите, Дуковски, рече дека има снимка на која три секунди се гледаат пари, а после тоа еден лик носи ташна, како да е перо во рака.

– Дали знаете дека најобичните предмети ширум судовите во Република Македонија за најобичен поткуп од 50 евра на сообраќаен полицаец се обележуваат парите и се фаќа. Дали мислите дека, доколку тоа навистина така се случело Бојан Јовановски не би бил снимен од камерите и веднаш уаспен. Ова е една конструкција од самиот почеток, со голема помош на соизвршителот кој влегува и излегува од притвор кога сака и како сака. Се применуваат апсолутно двојни аршини, изјави Дуковски.