Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

6

Адвокатот Сашо Дуковски кој го застапува обвинетиот во случајот Рекет Бојан Јовановски бара неговиот клиент да биде болнички хоспитализиран за да добие соодветна нега поради неговите сериозни здравствени проблеми.

Тој вели дека пресот го свикал за да не се случи неговото име да се најде во билтен како починат затвореник. Јовановски според Дуковски, мокри крв, не може да оди сам и има крвава столица. Иако од клиниките има документација во која се бара Јовановски да биде хоспитализиран, здравствените власти си ја префрлаат одговорноста меѓу себе. Дуковски најави кривична пријава против затворскиот лекар за нечовечко постапување.

– Ова е состојба на сврзани садови има координација во медицинскиот третман. И мене ме упатува на тоа дека никој не сака да се занимава со Јовановски, вели Дуковски.

Тој приложи медицинска документација за цела негова здравствена состојба. Од неговото приведување до денеска тој бил однесен во болница 30 пати. Освен здарвствени проблеми Боки 13 трпел и омаловажувања поради неговата сексуална определба и медицинари му викале „Нека умере педерот“.

Поради проблеми со тежината и рбетот Јовановски извршил две операции за намалување на желудникот и подврзување на желудникот со тенкото црево. Двете операции биле неуспешни и од тогаш, според неговиот адвокат почнува здравствената голгота на Јовановски.

Дуковски објаснува дека му се враќа желудочната киселина во белите дробови и може да настане моментална смрт.

Освен желудникот нему му откажал и левиот бубрег и иако му била дадена антибиотска терапија, во затворот три недели не му била давана терапија од страна на затворскиот лекар.

Дуковски е задоволен од судот и затворските власти, но не е задоволен од односот на Обвинителството каде Јовановски колабираше пред неколку месеци. Поради здравјето на Јовановски тој не може да ја подготви одбраната за судењето за „Рекет“ кое е закажано за 3 декември.