Дурловски, Минов и Јахоски на листата на независни пратеници

165

Игор Дурловски, Панчо Минов и Исмаил Јахоски се најдоа на листата на независни пратеници во новиот пратенички состав. Иако беа на партиски листи, тие отсега ќе делуваат како независни пратеници, според листата која ја објави Собранието.

Дурловски беше носител на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ, Пачно Минов се најде на листа на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, а Исмаил Јахоски беше на листа на ДУИ.

На пратеничкиот состав 2020-2024 кој го објави Собранието стои дека податоците се нецелосни.