Д-р Кон за почетокот на учебната година: Невозможно е да се каже дека децата се апсолутно безбедни

15

По повод првиот училишен ден, кој кај нас е одложен за први октомври, епидемиологот Предраг Кон за српска ТВ Прва рече дека не може да се каже дека нема да има вирус и во училиштата, „затоа е невозможно да се каже дека децата се апсолутно безбедни“.

Ги советуваше родителите, пред секое поаѓање во школо, да се измери температурата и да се провери дали детето има некои здравствени проблеми. Исто така е важно децата да научат правилно да ја користат маската.

Д-р Кон рече дека маската може да се извади додека се дистанцирани, за да не се влажни. Исто така е важно да ја менува маската по потреба. Тој ја потенцираше важноста да се носи маска затоа што таа спречува можност за зараза.

Како што рече, во случај на инфекција, родителот се јавува во училиштето, а училиштето тогаш има обврска да го извести Институтот за јавно здравје дека детето е болно.

“После тоа, тој продолжува да соработува, следи епидемиолошка истрага, каде се проверува дали се запазени заштитните мерки или не. Се води разговор со родителите”, објасни д-р Кон.

Како што рече, некои родители сметаат дека маската го попречува здравјето на детето, „што е апсолутна глупост“.

“Секое дете мора да разбере дека неговата клупа е неговото место. Децата ќе бидат оние кои ќе мораат да го почитуваат она што ќе им биде кажано”, рече епидемиологот.

Тој истакна дека наставник кој има какви било респираторни проблеми или треска не смее да доаѓа на училиште и да предава.

Д-р Кон објасни дека алергиите се сосема различни од инфекциите. „Нема температура, оние што ја имаат веќе знаат како да ја препознаат“, изјави тој.

Тој додаде дека сè ќе биде максимално опуштено кога станува збор за отсуство од часови и премин на часови на Интернет.