ЕБОР ќе го поттикне пристапот на Македонија кон ЕУ

24

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека на македонската Влада и понуди круцијална поддршка во критичен момент преку потпишувањето на Меморандумот за разбирање, со кој ќе се поттикне пристапот на земјата кон ЕУ преку инвестиции и техничка помош, со акцент кон зајакнување на приватниот сектор, зелената економија и инвестициска клим, ано и на политички план.

„Документот беше потпишан на виртуелната церемонија од страна на Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Рено-Басо го поздрави потпишувањето изјавувајќи: Охрабрени сме од чекорите кои Северна Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ, и ни претставува задоволство да ги поддржиме овие витални напори со нашиот придонес. Во овие времиња кои бараат поголем ангажман, поважно од било кога е со заеднички сили, не само да се справиме со моменталните предизвици, туку и да ги согледаме долгорочните цели на земјата”, се вели во соопштението од ЕБОР.

„Владата ќе ги дефинира реформските области, инвестициските можности и ќе промовира активности од овој меморандум. ЕБОР ќе го поддржи развојот на домашните компании, преку финансирање и долгорочни советодавни услуги, зајакнување на конкурентноста преку поголем пристап до финансии и поддршка кон економската инклузивност, младите и оние од подалечните региони”, наведува ЕБОР.

Банката ќе помогне во активностите на завршување на клучната транспортна инфраструктура, ќе промовира одржлива инфраструктура и поддршка на разновидна енергетска поддршка, со цел да се зајакне улогата на обновливите извори на енергија.

„Владата на Северна Македонија и ЕБОР ќе соработуваат и во подобрување на инвестициската клима, промовирање на меѓуграничната трговија и инвестиции, како и соработка со претпријатијата во државна сопственост во енергија и инфраструктура, со цел да се подобри нивното корпоративно владеење”, се вели во соопштението и се информира дека ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Македонија со инвестирани над 2 милијарди евра во 136 проекти во земјата.

Банката се фокусира во поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, особено во интензивирање на соработката со клучните партнери како што е Европската Унија и Европската инвестициона банка.