Евакуирана е и Железничката станица, има дојава за бомба

10

Поради дојава за поставени бомби, евакуирана е и скопската Железничка станица. Полицијата го блокира пристапот, а затворен е и целосно подвозникот од Центар кон Аеродром.

На терен има полициско обезбедување, кое ги евакуира граѓаните затечени кај Железничка станица кои чекале автобус.

Исто така, забранет е пристапот и за автобусите на кои ова им е вообичаено почетна станица.

Од МВР засега нема официјални информации за денешните дојави.