Евра: Алиоски одигра многу добро, но заслужи и Оскар за тоа што му го направи на Пепе

19

Патрис Евра има пофалби за играта на Езгјан Алиоски, но вели дека и одлично одглумил при црвениот картон на Пепе.

Алиоски синоќа беше во центарот на вниманието откако изнуди црвен картон за Пепе кој направи многу неинтелегентен потег откако намерно со глава го удри нашиот фудбалер.

„Алиоски заслужи Оскар. Тој одигра одличен меч и да сум тренер на Лидс би бил задоволен со неговиот перформанс, но при ситуацијата со Пеп изгледаше како да му го скршија носот“, вели Евра кој сега работи како фудбалски критичар.

„Потегот на Пепе беше многу глупав. Тој не игра многу и Артета му даде шанса, па нека не плаче следен пат кога нема да игра. Кога ќе направите такво нешто тоа е фрустрација. Тоа е глупаво. Мислам дека Пепе треба да им се извини на сите соиграчи од Арсенал“.