Еврокомесарката за здравство: Вакцината би била достапна до крајот на годинава

27

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, изјави дека вакцината против „Ковид-19“ може да биде достапна до крајот на оваа година.

„Иако е ризично да се предвиди во овој момент, имаме некои добри индикации дека првичната вакцина може да биде достапна до крајот на оваа година или почетокот на следната“, рече Киријакидес во интервју за интернет изданието на Ханделсблат.

Вакцината нема да ги реши сите проблеми одеднаш, но ќе овозможи постепено враќање на нормалност, рече таа, под услов да се вакцинираат „критична маса на граѓани, особено оние во ризичните групи“.

Научниците не знаат кога вакцината би можела да биде достапна, бидејќи нејзиниот развој може да трае со години или, во теорија, може да се покаже невозможна.

Комесарката исто така предупреди за зголемен број помали и поголеми појава на коронавирус во неколку земји-членки на ЕУ.

Таа ги повика владите „брзо да го изолираат изворот на инфекцијата со тестирање, пронаоѓање контакти и итно изолирање на заразените”.