ЕВРОПА И ПОМАГА НА СРБИЈА: Ќе испратат медицински персонал

8

Соседна Србија ќе добие помош од Европската Унија за справување со пандемијата.

ЕУ ќе испрати 200 медицински лица во Србија.

Српската Влада, делагацијата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС) ќе потпишат договор за ангажирање на околу 200 здравствени работници.

Министерството за европски интеграции објави дека ангажирањето на здравствените работници ќе биде овозможено со средства на ЕУ.

Амбасадорите на земјите – членки на ЕУ синоќа ги отстранија Србија и Црна Гора од листата на земји за кои до сега важеше препораката дека може да се патува, надвор од границите на Шенген. Оваа забрана ќе трае најмалку две недели.
Бројот на заболени во Србија расте, а пред неколку дена бешше трета во Европа по бројот на жртви на дневна основа, односно починаа 18 луѓе.