Европа лансираше нов вселенски телескоп што ќе проучува далечни светови

22

Европската вселенска агенција денеска го лансираше вселенскиот телескоп „Кеопс“, чија функција ќе биде да проучува планети надвор од нашиот Сончев систем. Тој беше испратен во орбитата на руска ракета „сојуз“ и 700 километри долгиот пат траел 145 минути.

„Кеопс“ е заеднички проект на 11 членки на Европската вселенска агенција, а тимот го предводи Швајцарија. Лансирањето го набљудуваше и астрофизичарот Дидје Келоз, кој годинава доби Новелова награда за физика.

„Мислам дека ова е одлично. Го почнавме овој проект пред 10 години и сега е во небото“, изјави Келоз.

Од крајот на 1990-ите, откриени се околу 4.500 планети со користење на различни техники. Но, научници веруваат дека сега постојат доволно услови да се оди чекор понатаму од обичното детектирање и броење на планетите и да се прави нивно профилирање (каква им е атмосферата, дали имаат океани на површината, дали имаат месеци и прстени).

Новата мисија треба да проучи 400-500 цели во наредните три и пол години и повеќето од овие светови се со големина меѓу Земја и Нептун.