Европскиот парламент ќе гласа за новата Европска комисија

8

Европскиот парламент денеска треба да гласа за новиот состав на Европаката комисија. Претходно, новоизбраниот претседател на Комисијата Урсула фон дер Лејен ќе се обрати на пленарната седница на европарламент при што ќе ја образложи програмата на нејзината Комисија. Шефицата на европската дипломатија на заминување Федерика Могерини пак, исто така ќе има обраќање пред европратениците за развојот на односите со таканареченото источно соседство на Европската унија.