Европскиот суд на правдата ја осуди Италија поради загадувањето на воздухот

19

Европскиот суд на правдата донесе пресуда во која се вели дека Италија го прекршила европскиот закон за квалитет на воздухот зашто систематски и упорно ги надминувала граничните вредности поставени за ситните, ПМ честички.

Судот констатирал дека во период од 2008 до 2017 година дневните и годишните гранични вредности одредени за честичките PM 10 редовно биле надминувани во одредени делови од Италија. Државата не усвоила мерки навреме за да гарантира почитување на граничните вредности.

Италија не е единствената европска земја која е осудена поради загадување на воздухот. Франција беше осудена во 2019 година, а Полска во 2018 година.

Според податоците на Европската агенција за животна средина загадувањето на воздухот е причина за околу 480.000 предвремени смртни случаи во Европа.