Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана

20

Европските лидери синоќа ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Европските лидери состанокот го одржаа онлајн, а главна тема беше коронавирусот.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, наведе дека одлуката покажува дека ЕУ останува насочена кон своите приоритети и во тешки околности.

„Задоволни сме поради потврдата на одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија со што е остварен еден од приоритетите на хрватското претседателство. Тоа покажува дека ЕУ останува насочена кон своите приоритети и во тешки околности“, напиша Пленковиќ.

Претходно, на 24 март министрите за европски прашања на земјите од ЕУ одобрија почеток на преговорите за Скопје и Тирана.