Евросонг 2021 од 18-22 мај во Ротердам, кој ќе пее за Македонија?

Холандија– Финалето на Евросонг следната година ќе биде на 22 мај во Ротердам, објави холандската телевизија. Додека двете полуфиналиња ќе бидат на 18 и 20 мај 2021 година.

12

Со тоа Холандија се впишува по петти пат како домаќин на престижниот музички настан чиј пренос го следат 200 милионска публика ширум светот.

Јавниот медиумски сервис на Холандија, обезбеди дополнителни седум милиони евра за организација, што не е мала сума сега во услови на корона криза.

Веста како изненадување организаторите ја објавија, на алтернативното шоу на Евросонг во мај „Eurovision Shine a Light“, кој собра стари и нови победници, сега ѕвезди, и не прошета по празните улици и арени ширум Европа во екот на корона-кризата.

Изборот на песна за Евровизија кој беше создаден по Втората светска војна со цел да ги обедини нациите од Европа, разделени по катастрофалната војна, годинава, повторно беше на голем тест, овојпат од пандемија која повторно ги раздели народите, терајќи ги да останат дома во изолација и да ги затворат границите.

Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, сега претворена во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија, и идната година ќе биде сцената каде Европа ќе избира најдобра песна.

Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира баритонот Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна. Светот на алтернативниот Евросонг, виде фрагмент од годинешниот спот за евровизиска „YOU“, на авторката Невенка Нешкоска, и поздравот од Гарванлиев.

Гарванлиев, образованието по соло и оперско пеење го стекнува на некои од најпрестижните музички школи во светот вклучувајќи ги „Академијата Лирика“ во Милано, престижниот Кралски Консерваториум и Оперската школа при Универзитетот на Торонто во Канада.

Прогласен за најмлад, но и еден од најбараните баритони во Канада, тој за време на својата дваесет и пет годишна кариера има испеано над 50 главни оперски улоги, меѓу кои се Дон Џовани, Фигаро, и Лепорело, и како солист во најеминентните фестивали во светот како Банф, Малборо, Бритен-Пеарс и Грахтен.

Во 2018 година, Васил одлучува да се врати во Македонија, посветувајќи се на креирање автентична музика инспирирана од македонските корени.

Васил исто така минатата година беше дел од успешниот евровизиски тим во Израел во улога на придружен вокал на Тамара