Египет од 1 септември воведува ограничувања за туристите

21

Премиерот на Египет најави дека патниците ќе треба да имаат негативен PCR тест од 1 септември за да влезат во оваа земја.

На сите патници ќе им треба негативен тест ПЦР за корона да влезат во Египет од 1 септември, рече премиерот Мустафа Мадбули во денешното телевизиско обраќање, пренесува Ројтерс.

Досега немаше услови за влез во Египет.

Египет ги отвори аеродромите за меѓународни летови на 1 јули, а од тогаш главните туристички дестинации Хургада и Шарм ел-Шеик ги посетија 100.000 туристи, пренесува Ахрам Интернет.

Туристичката индустрија се смета за клучна за економијата на земјата.

Според последните податоци, во земјата се регистрирани 163 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починале.

Премиерот додаде дека Египет ќе овозможи молитва во џамиите од 28 август, со строги здравствени и безбедносни протоколи што ќе ги издаде надлежното министерство.