Еден загинат при превртување на минибус со мигранти во Грција

4

 

Едно лице загина, а три тешко се повредени во североисточна Грција кога минибус полн со мигранти се превртел, соопшти локалната полиција, пренесе ДПА.

Не е јасно зошто минибусот се превртел. Возачот, кој е осомничен за шверц на луѓе, оттогаш исчезнал.

Дванаесет од мигрантите во автобусот се неповредени.

Возилото се движело од турско-грчкиот пограничен регион кон западна Грција, велат полициски извори – вообичаена рута што ја користат шверцерите на луѓе.

Многу мигранти се обидуваат да стигнат до централна и западна Европа или Италија со помош на шверцери без да се регистрираат во Грција.

Според мигрантите, шверцерските банди наплаќаат до 7.000 евра (7.400 долари) за организирање на такви патувања.