Еден милион Французи на улица против пензиската реформа на Макрон

23

Франција се подготвува за вториот ден од генералниот штрајк кој ја парализира земјата, од Марсеј, на медитеранскиот брег до Лил на север.

Против најавените реформи на пензискиот систем на улица вчера излегоа речиси еден милион луѓе.

Поради штрајкот, француската престолнина е во сообраќаен хаос: не работи метрото, автобусите не возат, една петтина од летовите на парискиот аеродром „Орли“ се откажани, а возовите на „Евростар“ нема да сообраќаат до 9 декември.

Затворени се и најголемите туристички атракции, Ајфеловата кула и музејот Орсеј,

Во Париз и Нант дојде и до насилни судири на демонстрантите со полицијата, која возврати со солзавец. Причина за масовното граѓанско незадоволство е најавената реформа на пензискиот исстем што ја најави претседателот Емануел Макрон, според кој ќе има еден наместо досегашните 42 пензиски модела.

Се воведува и шема врз основа на бодување, што според критичарите че се одрази на старосната граниза за пензионирање и висината на пензиите. Владата остави простор, овој закон да стапи на сила во 2025 година, но синдикатите не се согласуваат.

Системот што го предлага Макрон ќе биде претставен во јавноста во средината на декември, а планот е Парламентот да го усвои на почетокот на следната година.

Реформата на пензискиот систем значително влијание ќе има врз јавниот сектор, кој сега има „посебен третман“ и предвидува можност за исплата на компензации за потешки услови на работа.

На пример, според актуелниот систен, работниците во железница, маринците или балетаните можат да се пензионираат десет години порано од другите.

Синдикатите очекуваат генералниот штрајк да ја парализира земјата како што тоа беше во 1995 година, кога конзервативната влада на претседателот Жак Ширак беше принудена да се откаже од реформата по тринеделните протести.

Но Макрон најави дека нема да се откаже од планот.