Таткото на првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, Срѓан за „Еуроспорт Србија“ даде интересна изјава. Тој вели дека единствената личност на светот кој има позитивен скор против неговиот син е токму тој.
„Го победував додека не наполни 11 години. Тогаш Новак стана премногу добар и одлучив да престанам да играм со него“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ кој се уште годинава е непоразен има подобар меѓусебен скор и со своите најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.