Една или шест единици, не е исто

17

Следејќи ја логиката на секоја партија, тешко можеш да заклучиш кој модел би бил посоодветен, особено за албанските политички субјекти. Инсистирањето за една изборна единица изгледа како убава идеја, но е како оние математички равенки со една или повеќе непознати

Од Даут ДАУТИ

1. ШТО ВЕЛИ ИЗБОРНАТА МАТЕМАТИКА?

Признавам дека со математика не сум ги имал добро работите, ниту во училиште, а ниту подоцна, затоа малку мие тешко да се вклучам во дебата околу изборниот модел, каде навистина изгледа дека се е математика. Инсистирањето за една изборна единица, изгледа како убава идеја, но е како тие математички равенки со една или повеќе непознати. Особено,со повеќе непознати е како ќе испадне изборната математика на албанските партии.

Еден пријател кој ја познае математиката се обиде деновиве да објасни дека горе долу и со една единица, бројот на албанските пратеници е ист. За разлика од него, Павле Трајанов, деновиве, како да ја допре суштината, кој објасни дека, со сегашниот модел, со шест единици, едно пратеничко место кај единиците со мнозинско албански гласачки тежи помалку (доволно се 7.000 гласачи за еден пратеник),додека кај единиците со мнозинство македонски гласачи (10 000 избирачи). Од друга страна, партијата што ја сака промената на гласот, СДСМ, езалепен кај еден аргумент, да не се губи ничиј глас, затоа што им се дава шанса на помалите партии, но всушност, има шанси да го стави во план, заправо својот интерес, да преку малите партии на помалите етнички групи што ќе ги зема во коалиција да претендира по поволен резултат … Како го измислиле тие не знаме, како што е чудно што истата математика не ја прават во ВМРО, инсистирајќи на сегашниот модел. Бидејќи, изборните тактики тешко дека можат да го променатсуштински, кога нивната битка е во македонските средини. Моделот, во тој случај не игра голема улога, односот на силите не се менува поради моделот, туку поради расположението на гласачите.

Следејќи ја логиката на секоја партија, тешко можеш да заклучишдека кој модел би бил поповолен, особено за албанските политички субјекти. Тој мој пријател, кој заклучува дека нема некоја суштинска промена за овој или оној модел, го има во предвид фактот дека во сегашниот модел, многу албански гласови се губат во средини со помала присутност (таму албанските партии добиваат значителни гласови, но изгоруваат како недоволни за некој пратенички мандат). Но, тој може да е во грешка ако аргументите на Павле Трајанов се поубедливи од неговите. Изборните единици некако се со сличен број на регистрирани гласачи, но ако ја погледнеме одѕивот,кај единиците со мнозинско Албанци, едвај надминува 40 проценти, без да се знае точно дали ова намалување се должи соразочарувањето на гласачите или поради физичкото отсуство на гласачите, затоа што голем процент се во странство. Не се знае точно како е рефлектиран овој процес на иселување во средините со мнозинско македонско, слично или помалку, но излегувањето на избори со над 65 проценти, во една единица сигурно дека ќе ги фаворизира македонските партии и не би ја намалилзастапеноста на Албанците. Тоа веројатно е стравот зошто албанските партии не се многузагреани да го поддржат моделот со една единицапоради неповолните ефекти. Дури и оние албански партии кои можеби на почеток гледаа соповеќе ентузијазам кај моделот што го предлага СДСМ, сега се по воздржани, можеби и поради помалото присуство или помало влијание во различнитесредини. Од друга страна, отсуството на гласачите на денот на изборите не значи дека треба да се казнува со помалку застапеност, кога се знае дека и тие што излегуваат на гласање и тие кои не гласаат, не заслужуваат застапеност според избирачкиот список, за кој сите велат дека е надуван, но никој не може да му го најде лекот да го донесува во нормални рамки.

Како и дае, промената на изборниот законик не треба да се изврши набрзина и без анализи, особено не без консултација со познавачи на изборните модели, туку и со експерти на демографска област, кои можат да ги знаат подобро трендовите од последниве години.

2. ДАЛИ ПРОПАЃА КОАЛИЦИЈАТА ВО СИТНИЦИ?

Ако се прави некаква анкета дека кој е виновен зошто два и пол месеци по изборите во Косово, Албин не ја составува (многу) очекуваната влада, сигурно дека огромниот дел би го обвинувале Иса. Ех, тие наши клишеа! Особено на барањето (условувањето) штоДСК, да му остане нејзе, ќе го направат условот понепринципиелен … Затоа што, тие велат дека Албин рекол „кажете ми го името на кандидатот, за да се согласувам!“

Албин рекол, абидејќи Албин рекол, секако, дека виновник треба да биде Иса! Дали е можно да маратонците (ех, тој „маратонист на Ноли“!),да останал без здив му пред целта? Или многу други прашања во врска со нивното владеење сега им изгледаат толку тешки, што не го изгубиздивот на маратон, туку желбата и волјата да се решат многубројните проблеми што ја чекаат новата влада. Затоа и изнесуваат „нереални барања“ и наидуваат на глуви уши кај Албин, како апсолутен суверен.

Во еден од претходните текстови можеби сум спомнал многу предизвици на новата влада, некои во фаза на конкретизација на програмската соработка и потоа и други прашања поврзани со амбициите на поединците и на интересните групи, овие последниве, по очекувани од редовите на ДСК. Може да се претпоставува дека долгиот маратон најмногу земал време заправо во усогласувањето на програмите на двете партии, кои не да се компатибилни. Така, да претпоставиме дека еден дел се занимавал и со кадровски прашања, кои излегоа на виделина само сега кога беше спомната амбицијата на ДСКза да ја преземе функцијата на претседателот после една и пол година! И кога се чини дека сите нешта се конкретизирани, некако нема смисла да се падне во вода за еденпретседател, кој знае кога тој ќе дојде на дневен ред. Сега Албин, кој требаше да ги почитува многу желби на можниот коалициски партнер, му вели на Иса, дај ми го името на кандидатот за да се одредувам. Го презема врз себе правото на апсолутен оценувач, понижувајќи го ДСК, како да има само десет пратеници! Колку е логично да се инсистира уште сега во името на претседателот и дали вреди да се запали се заради тоа, косовската јавност требада оценува дека кој е во право!

Дали не ви изгледа тоа малку како игра на деца што се караат за ситници? Цело Косово го чека формирањето на владата, сите тие програмски прашања се надминати и сега се спотнуваат во посебно име, кој во овој момент ниту има потреба да се знае, ниту може да игра некаква улога. Меѓутоа, јас мислам дека тоа е повеќе од името, тоа е кај принципот. Кај принципот што овој пат го заборава Албин, а не Иса. Албин е победник, тоа не е спорно, но тој нема ексклузивно право на суверен (народот) да одлучува апсолутно што треба да се случи после година и половина? Во принцип, до сега, како непишано правило било дека коалиционите партнери и кога ималеразлика два на еден (ДСК-АИК, ДПК-АИК …), една ја преземал функцијата на премиер, а другата на претседател, а камоли кога силите се балансирани, како во случајот со Движењето Самоопределување (ДС) и ДСК, додека ставот да се дознае името на кандидатот за претседател, уште од сега е чудно ситничарство, што го загрозува целиот проект за формирање на владата.

Меѓутоа, сослушувајќи нај различни мислења за ова прашање, како да има една реципрочна тенденција да пропадне, и покрај сите тие инсистирања на граѓаните, што на овие две партии им го дадоа својот глас, како и на меѓународниот фактор. Станува збор за сомневањето дали двата субјекта сакаат да ги избегнат големите одговорности за да се соочат со низа проблеми? Ако не е тоа (значи, бегање од проблемите) и владата не успева поради функцијата на претседателот што ја бара ДСК, тогаш навистина не заслужуваат повеќе овие две партии!

Прашањаво себе се некои знаци на фракционерска борба внатре во ДСК, што се гледа дека Иса Мустафа ги ставил под килим, истакнувајќи ја кандидатурата на Вјоса Османи пред изборите. Не го гледам голем проблем што за финализирање на договорот за коалиција се вклучил самиот лидер, бидејќи и поради искуството што ја има спрема еланот и силината на Вјоса, но повторното изнесување на амбициите на некои неблагодарни „ајкули“ и отворените критики на Вјоса, се несреќа на оваа партија, дека многу бргу може да заврши како поделена, затоа што не сфатија дека масовните гласови за ДСКбеа за надежта што ги даваше една нова личност, а не за амбициозните поединци и интересни групи што партискиот интерес ја ставаат на опашката на нивната кауза.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)