Еквадор му го одзеде државјанството на Асанж

3

Еквадор му го одзеде државјанството на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој е во лондонскиот затвор Белмарш.

Еквадорските правосудни власти формално го известија Австралиецот за одземањето на државјанството.

– Натурализацијата се смета за штетна ако е одобрена врз основа на прикривање на релевантни факти, лажни документи или измама, се наведува во писмото од Министерството за надворешни работи на Еквадор.

Исто така се посочува дека писмото од Асанж за натурализирање, помеѓу другото содржи бројни недоследности, различни потписи, потенцијални измени на документите и неисплатени надоместоци.