Еколошка хаварија: Реката Брегалница обоена во бело, се шири мирис на лак

21

Од населбата „Македонка” па се до штипско Ново Село реката Брегалница е обоена во бело, а покрај неа се чувствува мирис на лак.

Во моментов екипа на крим-техника од Полициска станица – Штип прават увид по течението на река Брегалница, додека пак членовите на спортското здружение „Брегалница” веќе два часа се на терен и бараат од каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница.

Бараат веднаш инспекторите за животна средина да излезат на терен, да земат мостри од реката и да се пронајде виновникот.