ЕКСКЛУЗИВНО: Докмановиќ со двојно државјанство, не може да не престави во Тел Авив?!

152

Скопје, 22 декември – Мишо Докмановиќ, именуван кандидат за амбасадор во Тел Авив-Израел, не може да ја престави Македонија како дипломат бидејќи поседува двојно државјанство, пренесува КОХА.

Добро информирани извори за весникот КОХА, велат дека Докмановиќ е и македонски и хрватски државјанин, причина заради која не може да биде именуван како македонски дипломат, бидејќи ова е спротивно на член 36 од Закон за надворешни работи. Според овој член не може да се именува како дипломат/амбасадор човек со двојно државјанство.

Од Министерството за Надворешни работи за КОХА изјавија дека во ова фаза на именување на кандидат за Дипломатско Консуларните Преставништва не може да дадат никаква изјава, ниту за конкретниот случај, но дури и за имињата на предложените канидати кој се наоѓат во предложената листа од Владата.

Додека, Докамановиќ не негира дека има двојно државјанство. Во изјава за КОХА вели дека: “Не давам никаква изајава за ова прашање”. КОХА истотака дозанава дека осевен Докмановиќ во листата на кандидати за амбасадори е и еден друг со двојно државјанство.

Инаку, во Македонија од самостојувањето па до ден денеска имаше слични случаи кога беа тргнати од листата, кандидати со двојно државјанство. Ваков случај имавме во 2009 година со канидат за амбасадор во Тирана, кога поради истата причина беше повлечен од понатамошната постапка за именување.(koha.mk)