Експлозијата во Бејрут трета по сила во историјата на светот

27

Експлозијата во Бејрут, главниот град на Либан е трета по сила во историјата на светот, веднаш зад атомските удари во Хирошима и Нагасаки, вели британскиот стручњак за ефекти од јонизирачко зрачење Кристофер Базби.

Гувернерот на Бејрут Марван Абуд експлозијата по која настана и карактеристична „печурка“ веќе ја спореди со експлозиите на нукеарните бомби во јапонските градови во 1945 година.

Британскиот експерт Базби има и научни аргументи за оваа споредба. Во пристаништето во Бејрут експлодираа повеќе од 2700 тони шалитра, хемиско соединение кое има слична експлозивна моќ како ТНТ.

Според него тоа значи дека експлизијата на 2700 тони на шалитра е слична по сила со експлозијата на 2,7 килотони ТНТ. Неговата пресметка вели дека експлозијата во Бејрут е трета по сила во историјата на светот, веднаш зад експлизиите во Хирошима и Нагасаки.

„Бомбата во Хирошима имала сила меѓу 10 и 12 килотони ТНТ. Според тоа експлозијата во Либан била една третина од силата на бомбата во Хирошима. Вакви слични експлозии се случиле и во минатото. Една се случила во Тексас, истоа така на пристаниште, друга во Германија во дваесеттите години на 20 век во еден магацин. Меѓутоа експлозијата во Бејрут е најголема по Хирошима и Нагасаки, истакнал британскиот стручњак Базби.