Експлозија во фабрика за вода во српскиот град Зрењанин, повредени две лица

20

Утринава околу 5 часот во српскиот град Зрењанин експлодирала фабрика за вода, јавија српските медиуми.

Во експлозијата повредени се две лица кои веднаш се пренесени во Ургентниот центар, но се вон животна опасност, пренесуваат од тамошната болница.

Експлозијата била предизвикана најверојатно од истекување хлор од уредот за дозирање. Истекувањето веднаш е запрено.