Екстремистите не запираат: Убиени 15 цивили во Авганистан

5

Петнаесет авганистански цивили, меѓу кои шест жени и осум деца, се убиени во експлозија на подментната мина при минување на возило со кое патувале во местото Имам- Сахиб, на север од земјата, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи.

-Околу 17 часот по локално време мина, што ја поставиле талибанските екстремисти, експлодирала при минување на цивилно возило во покраината Кундуз, и во неа смртно настрадале 15 цивили, изјави Насрат Рахими.

Меѓу жртвите шест се жени, осум деца и еден маж, прецизира тој.

Местото Имам-Сахиб се наоѓа на границата со Таџикистан.

Во покраината Кундуз редовно се водат борби меѓу талибанците и владините безбедносни сили, кои ја имаат поддршката од Американците. Во оваа покраина се засолнети бројни членови на Исламска држава. По атентатот од 6 ноември во Таџикистан, шефот на руското ФСБ, Александар Бортников, предупреди на зголемената активност на Исламска држава во Авганистан.