Екс пожарникар предизвика инцидент при обраќањето на градоначалникот Николов (ВИДЕО)

71

Лицето прво ги турна новинарите со цел да помине, а притоа имаше близок контакт и со еден од вработените во општината.

Поранешен пожарникар упадна при обраќањето на градоначалникот на Штип, Сашко Николов по повод Денот на пожарникарите во Штип.

Лицето прво ги турна новинарите со цел да помине, а притоа имаше близок контакт и со еден од вработените во општината.

Потоа тој застана позади градоначалникот Николов од каде неколку пати истакна дека има право да постави неколку прашања. По краткото објаснување со првиот човек на Штип, лицето се повлече и дозволи да продолжи обраќањето на Николов.

Неофицијално, лицето кое упадна на пресот е поранешниот пожарникар Александар Ѓорѓиевски, кој на македонската јавност е познат по тоа што откако ги видел страотните снимки од земјотресот во Сисак, Перетиња и Загреб, одлучи сам да замине и доброволно да помогне во активностите.

Видеото погледнете го тука.