ЕК: Бугарија сама да одлучи како најдобро да ги обезбеди надворешните граници

33

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, потврди дека неговата институција не финансира огради и ѕидови на надворешните граници.

Оваа потврда доаѓа откако Австрија сугерираше Европската Комисија да и помогне на Бугарија финансиски во изградба на огради на надворешната граница, но Европската Комисија има строги правила во овој поглед. Ова го потврди и Ерик Мамер денеска.

Тој сепак потсети дека Европската Комисија има други начини како да ја поддржи Бугарија во обезбедувањето на својата надворешна ЕУ граница. Мамер потсети дека агенцијата Фронтекс е присутна во Бугарија со 137 офицери и дека повеќе милиони евра помош се предвидени за Бугарија во рамките на политиката за внатрешни работи на ЕУ, меѓу другото преку опрема за разузнавање и безбедност.

Портпаролот исто така истакна дека управувањето на надворешната граница на ЕУ во Бугарија не зависи само од Бугарија туку од целата источна рута со Турција.

Но, Бугарија, рече тој, треба сама да одлучи како најдобро да ја обезбеди надворешната граница на ЕУ што се наоѓа на бугарска територија.