Емотивна исповед на пожарникарот кој го спаси 3-годишното девојче во Измир: „Ме фати за прст, и не ме пушташе“

22

После 65 часа под рушевините во Измир, спасена е 3-годишната Елиф Перничек, а покрај неа, среќа имаше и седумгодишното девојче Идил Ширин. Спасувачите во Измир успеаја да ги извадат под рушевините, предизвикани од земјотресот кој со 7 степени ги погоди Грција и Турција во петокот. Откако беа извадени и однесени со кола за брза помош, се слушнаа аплаузи.

Двете сестри и братот на Елиф беа спасени претходно, но за жал, едното дете им подлегна на повредите.

Обраќајки се на медиумите, пожарникарот кој прв ја најде тригодишната Елиф, ги сподели своите емотивни моменти:

„Елиф ме фати за прстот. И го исчистив лицето од прашина. Не ми го пушташе прстот во ниту еден момент се додека не дојде до шаторите за спасување“, рече емотивно Муамер Челик.

Пожарникарите велат дека никогаш не губат надеж. Тие и натаму бараат тела под урнатините.