Ентони Дејвис одби 146 милиони долари од ЛА Лејкерс за летоска да може да им побара 202 милиони!

12

Медиумите од САД пишуваат дека ЛА Лејкерс на Ентони Дејвис му понудил максимален четиригодишен договор вреден 146 милиони долари, но играчот го обидл предлогот за летоска да стане неограничен слободен агент.

Популарната „веѓа“ минатото лето пристигна во редовите на „езерџиите“ и одлично се вклопи во тимот крај Леброн Џејмс. ЛА Лејкерс го има најдобриот скор на Западот и важи за еден од фаворитите за титулата во НБА.

Раководството на клубот сака да ја темели играта врз дуото и во иднина, па на Ентони Дејвис му бил понуден максимален четиригодишен договор вреден 146 милиони долари.

Крилниот центар сепак го одбил ваквиот предлог зошто сака да се фокусира на сезоната но и да се стекне со статус на неограничен слободен агент. Летоска како слободен агент тој ќе може да добие петгодишен договор вреден 202 милиони долари.