ЕПП во јануари ќе донесе одлука за партијата на Орбан

11

Новиот претседател на Европската народа партија(ЕПП) Доналд Туск, денеска изјави дека на почетокот на следната година ќе донесе одлука за партијата Фидес на унгарскиот претседател Викрот Орбан, која е суспендирана поради кршење на демократските стандарди.

Туск вели дека има намера одлука за тоа да ја донесе на крајот на јануари. Тој ја исклучува идејата во ЕПП да влезе партијата на италијанскиот десничарски лидер Матео Салвини.

Партијата на Орбан беше суспендирана од страна на ЕПП во март годинава. ЕПП формираше трочлена комисија која до крајот на декември треба да поднесе извештај за Фидес.

Претседателот на партијата, унгарскиот премиер Орбан, често не се согласуваше со официјален Брисел по многу прашања. Тој одби да прифати мигрантски квоти, а критикуван е и поради обидите да ги контролира медиумите, правосудството и академската заедница.

Поради суспензијата ЕПП не го повика Орбан на конгресот во Загреб, на кој Туск вчера беше избран на нов претседател.