Ердоган: Грчките безбедносни сили малтретираат, дури и убиваат бегалци

11

Земјите како Турција, го носат товарот на миграцијата и бегалците, а не развиените општества, кои само го креваат својот глас, рече турскиот претседател, пишуваат медиумите во регионот.

Според написите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци.

Ердоган се обратил со видео порака на Глобалната парламентарна конференција за миграција.

Тој во пораката укажал на драмата со која се соочуваат бегалците денес.

„Речиси секој ден сме сведоци на драмата на бегалците кои се прогонувани, ограбувани, тепани, па дури и убиени од грчките безбедносни сили“, кажал Ердоган, цитиран од Анадолија.

„Земјите како нас, кои се соседи на кризните подрачја, го носат товарот на миграцијата и бегалците, а не развиените општества кои само го креваат својот глас“, кажал тој.