Ердоган лично му го вратил скандалозното писмо на Трамп

6

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, лично му го вратил на американскиот претседател, Доналд Трамп, писмото во кое тој го повика да не се глупира, изјави Ердоган на прес-конференција со Трамп во Вашингтон, пренесува „Спутник“.

Ердоган призна дека бил огорчен од писмото. Меѓу другото, турскиот претседател бил изненаден што САД соработувале со курдскиот командант Мазлум Кобани, кого Трамп го споменал во писмото. Ердоган го нарече Кобани терорист и изјави дека тој е виновен за убивањето на стотина турски граѓани.

За потсетување, Трамп му го испрати писмото на Ердоган на 16 октомври, денот кога почнаа турските воени операции во Сирија. Во него го повика својот турски колега да не се глупира и да не го изневери остатокот од светот.

Подоцна беше соопштено дека Ердоган го игнорирал писмото на Трамп и дека го фрлил.