Ердоган: Макрон прво да ја провери својата „мозочна смрт“

8

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одговори на коментарот на својот француски колега Емануел Макрон за „мозочната смрт“ на НАТО порачувајчќи му прво да се провери себеси.

Во интервју за Економист претходно месецов претседателот на Франција Макрон кажа дека веропските земји не би требало премногу да зависат од САД да ги брани сојузниците од НАТО, додавајќи дека она што сега сме сведоци е „мозочна смрт на НАТО“.

Претседателот на Турција Ердоган одговори денес на забелешката на Макрон.

Според турскиот престедател, Емануел Макрон би требало прво да ја провери „сопствената мозочна смрт“ пред да дава такви изјави за НАТО.

Еден ден претходно Макрон кажа дека коментарот за мозочната смрт на НАТО е повик за будење на Алијансата.

И германската канцеларка Ангела Меркел, како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го критикуваа Макрон поради острите зборови, уверувајќи дека воениот пакт останал клучен столб на европската безбедност.